Линкови за пристапност

Тајната служба постигна судска спогодба по тужбата за дискриминација


Афро-американски агенти обвинија дека не им било овозможено промоција, обука и бонуси заради нивната раса

Тајната служба на САД се согласи да исплати 24 милиони долари оштета и да направи серија на реформи во системот на промоција како дел од судска спогодба во која се вклучени преку од 100 Афро-американски агенти кои велат дека биле дискриминирани по расна основа.

Колективната тужба датира од 2000-та година кога група од 10 агенти изнесоа наводи дека Тајната служба спроведувала расна дискриминација, за тоа кој треба да биде примен на работа, промовиран на повисока позиција, префрлен на друго работна позиција, давањето на бонуси и како вработените биле дисциплинирани за сторени престапи.

Во судската спогодба доставена до федерален суд во Вашингтон стои дека точната сума која агентите ќе ја добијат како оштета не е одредена, но е ограничена на 300.000 долари по лице.

XS
SM
MD
LG