Линкови за пристапност

Нов скандал во Тајната служба


Агенти под дејство на алхохол со автомобил удриле во безбедносна барикада на Белата куќа

Двајца агенти на Тајната служба со висок ранг се под истрага заради наводи дека со службен автомобил удриле во безбедносна барикада пред Белата куќа под дејство на алкохол.

Извештајот прв го објави Вашингтон пост. Во него се вели дека локалната полиција и Тајната служба истражувале сомнителен пакет во близина на Белата куќа, кога други двајца агенти со автомобил минале низ влез кој бил затворен.

Полицајците на местото на настанот ги привеле агентите, но по интервенција на нивниот надреден ги пуштиле.

Еден од агентите бил идентификуван како втор по ранг којшто се грижел за личната безбедност на претседателот Обама. Истрага ја споредува Одделот за домашна безбедност, под чија надлежност спаѓа и Тајната служба.

XS
SM
MD
LG