Линкови за пристапност

Проблемите на Тајната служба на САД


Раководителката на службата што се грижи за безбедноста на претседателот и неговото семејство ќе одговара пред панел на Конгресот.

Директорката на Тајната служба на САД во вторник ќе сведочи пред комисија на Претставничкиот дом во врска со големиот пробив во обезбедувањето на Белата куќа овој месец.

Џулија Пирсон се очекува да биде остро испрашувана од законодавците во врска со пробивот на обезбедувањето, како и за неколку други срамни инциденти во кои била инволвирана агенцијата која е одговорна за заштита на претседателот Барак Обама и неговото семејство.

Меѓу другите инциденти е ненавремено реагирање кога вооружено лице пукало во Белата куќа во 2011, скандалот со проституција што инволвира агенти на патувањето на претседателот во Колумбија во 2012, и ноќ на пиење во март што довело до испраќање дома на тројца агенти од патувањето на претседателот во Амстердам.

Во најновиот инцидент, 42-годишниот Омар Гонзалес бил уапсен откако се прекачил преку оградата на Белата куќа, претрчал преку тревникот и влегол во зградата. Тајната служба првично кажа дека Гонзалес бил уапсен на главниот влез, но новинските куќи во понеделникот известија дека тој минал покрај стражар на предната врата и протрчал низ ходникот покрај скалите што водат до приватните простории на семејството Обама, пред да биде совладан.

Тајната служба исто така првично кажа дека Гонзалес не бил вооружен, но подоцна е објавено дека носел нож.

Обвинителите кажаа дека Гонзалес бил запрен, но не и уапсен во август, откако прошетал покрај Белата куќа со секирче во ременот. Тој бил уапсен во јули откако државната полиција нашла оружје во неговиот автомобил откако бил запрен заради брзо возење во соседна Вирџинија.

Упадот можел да биде посериозен доколку осомничениот бил тешко вооружен и обама и неговото семејство биле во резиденцијата.

XS
SM
MD
LG