Линкови за пристапност

Секретарката за здравство на САД даде оставка


Катрин Сибелиус беше надлежна за Законот за здравствена заштита донесен по иницијатива на претседателот Обама, чие спроведување наиде на проблеми.

Секретарката за здравство Катлин Сибелиус поднесе оставка. Таа беше надлежна за примената на Законот за здравствена заштита што беше донесен по иницијатива на претседателот Барак Обама, а чие спроведување наиде на проблеми уште на самиот почеток.

Оставката уследи една недела откако заврши пријавувањето за здравствена заштита во првата година од примената на законот што стана познат како Обамакеар. Интернет-страницата за пријавување имаше проблеми уште во првите недели од нејзиното отворање, со што им беше ограничен пристапот на милиони лица. Републиканците побараа Сибелиус да си даде оставка, но Обама јавно ја поддржа. Па сепак, во очи падна нејзиното отсуство минатата недела, кога претседателот објави дека на крајот, процесот на пријавување бил успешен и дека бројот на пријавени е над 7 милиони лица, колку што првично прогнозираше владата.

Се очекува Обама за нова секретарка за здравство да ја номинира Силвија Метјус Бурвел, директорката на Канцеларијата за менаџмент и буџет.

65-годишната Сибелиус е поранешна гувернерка на сојузната држава Канзас. Таа мина пет години на функцијата секретарка за здравство.
XS
SM
MD
LG