Линкови за пристапност

Полицијата во Сиетл присилно ја расчисти протестната зона окупирана од демонстрантите


Полицијата во средата присилно ја расчисти речиси две недели „окупираната“ протестна зона на Сиетл која што предизвика поплаки од сопствениците на локалните бизниси и го разлути претседателот Доналд Трамп кој објави повеќе пораки на Твитер.

Наредбата на градоначалничката Џени Дуркан следеше по неодамнешните фатални пукања во областа.

За време на акцијата изведена рано наутро повеќе од триесетина лица беа уапсени обвинети за безвластие, опструкција, напад и незаконско поседување оружје.

Дуркан изјави подоцна во средата дека не смета дека повеќето треба да бидат гонети по прекршочните пријави.

Зоната беше воспоставена по смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд во Минеаполис.

Група сопственици на локални бизниси го тужеа градот, тврдејќи дека официјалните лица ја напуштиле областа и го со тоа го оневозможиле водењето бизнис, бидејќи нема полиција или противпожарна заштита.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG