Линкови за пристапност

Израел и Хамас наводно се договориле за примирје во Газа


Израелски официјален претставник вели дека Израел и милитантите на Хамас во Појасот Газа постигнале договор за сеопфатно примирје што ќе започне во петок.

Официјалното лица, што побара да остане анонимно, кажа дека прекинот на огнот ќе започне во шест часот наутро по локално време.

По ова немаше реакција од Хамас.

Двете страни претходно се договорија на петчасовно примирје за хуманитарни потреби што влезе во сила во четврток.

Израел го обвини Хамас за испукување гранати откако примирјето влегло во сила. Армијата вели дека гранатите го погодиле Ешкол во јужен Израел.

Израел предупреди дека ќе одговори со сила доколкуХамас го прекрши примирјето, но дека немало извештаи за каков било одговор.

Порано во четврток, пред прекинот на борбите, израелски воздушни напади погодиле 37 цели во Газа.

Армијата исто така кажа дека стопирала обиден напад од страна на 13 вооружени лица на Хамас кои влегле во јужен Израел низ тунел.

Палестински здравствени претставници велат дека 227 лица биле убиени откако Израел ги започнал операциите со цел да го запре гранатирањето од милитантите што започнало минатата недела. Еден Израелец бил убиен во борбите.

XS
SM
MD
LG