Рибата е богат извор на омега-3 масни киселини, кои се поврзани со доброто здравје. Неколку студии укажуват дека конзумирањето на риба заштитува од деменција.
Рибата, исто така, содржи висок процент на жива, неуротоксин, за кој истражувачите стравуваат дека може да доведе до деменција.
На Универзитетскиот медицински центар „Раш“ во Чикаго, се анализирани примероци од мозок за присуство на жива кај 286 починати лица и дошле до сознание дека оние кои јаделе многу риба имале највисоко ниво на овој метал во нивните тела.
Меѓутоа, студијата исто така покажала дека конзумирањето на риба, барем еднаш неделно, најверојатно заштитило некои од постарите испитаници од заболување од Алцхајмерова болест. Тие нашле дека повисоко ниво на жива не доведува до ментално опаѓање пад, мерен преку протеински депозити во мозокот.
Синди Лолер, раководителка на Националниот институт за еколошки здравствени науки, вели дека очигледните корисни ефекти од морската храна се добра вест.
„Дури и подоцна во текот на животот, умереното конзумирање на риба може да е вистинска придобивка. Тоа за мене значи порака за надеж“ вели таа.
Истражувачите од медицинскиот центар „Раш“ наишле на неколку промени во мозокот поврзан со Алцхајмеровата болест и други видови на деменција помеѓу испитаниците кои редовно јаделе риба.
Ова се случило само кај една подгрупа на постарите учесници, оние кои носеле ген наречен Aпoe4, кој го зголемувал ризикот за развој на Алцхајмерова болест.
Луѓето со Aпoe4 имаат високо ниво на холестерол, кој се поврзува со формирање на наслаги и „чворчиња“ во мозокот, видени кај Алцхајмеровата болест.
„Алцхајмеровата болест е застрашувачка болест. Мислам дека може да доведе до малку оптимизам дека дури и ако вашите гени покажуваат предиспозиција“, вели Лолер.
Доброволци во испитувањето кои конзумирале морска храна, починале во просек на 90 годишна возраст, што е друг знак дека јадењето риба е корисно.
Националниот институт за еколошки здравствени науки своите студии и наоди ги објави во списанието на Американското медицинско здружение.