Линкови за пристапност

Се повеќе Американци своите автомобили ги заменуваат со велосипеди


Иако сообраќајот околу главниот град на нацијата стана пренатрупан во последниве години, регионот на главниот град генерално е наклонет на велосипедистите, особено последниве неколку години.
Иако сообраќајот околу главниот град на нацијата стана пренатрупан во последниве години, регионот на главниот град генерално е наклонет на велосипедистите, особено последниве неколку години.

Високите трошоци за живот, желбата за заштита на животната средина и големиот број возила во сообраќајот на главниот град на САД, ги натера Стефани и Одри своите автомобили да ги заменат со велосипеди.

Велосипедизмот сѐ повеќе атрактивен во Вашингтон
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:23 0:00

Одри вели дека вози велосипед од мала. За неа, возењето велосипед е најдобриот, најекономичниот и најбрзиот начин да се патува низ Вашингтон.

„Има многу јасни ознаки низ улиците кои предупредуваат дека автомобилите треба да го делат патот со велосипедисти, особено на места каде нема велосипедска патека. Но, би рекла дека такви се најмногу два или три блока, пред повторно се вклучите на велосипедска патека, што е одреден простор само за вие да се возите”, вели Одри Ворхис, жителка на Вашингтон.

За граѓаните кои немаат сопствен велосипед, Одри вели дека градот нуди можности за изнајмување на електрични велосипеди по пристапни цени.

„Постојат велосипеди достапни преку системот за јавен превоз, ги користам и тие понекогаш, кога не сакам да се грижам за мојот велосипед ако останувам во градот до подоцна навечер. Има и многу приватни компании кои даваат велосипеди на располагање, но јас ги претпочитам јавните“, рече Ворхис.

Пријателката на Одри, Стефани Тоблер секој ден оди на работа со велосипед. Таа вели дека Вашингтон има добра велосипедска инфраструктура и сообраќајна култура.

„Компанијата каде работам има одредено место за паркирање велосипеди, што е одлично. Многу организации како мојата им помагаат на вработените да ги платат давачките во врска со користењето на овие простори за велосипеди за одење на работа. Имам многу колеги кои го прават тоа“, изјави за Гласот на Америка, Стефани Тоблер, жителка на Вашингтон.

Но, не сите го делат ова мислење. Марија Робе која неодамна се доселила во Вашингтон, вели дека Американците недоволно користат велосипеди за превоз зво споредба со Европа. Робе смета дека треба да се работи на кревање на свеста за добрите страни на велосипедизмот.

„Тоа што не го гледам во Вашингтон е свеста кај народот за ова, што е далеку под нивото на Белгија на пример. Гледам дека возачите на автомобили не ги ценат многу велосипедистите. Велосипедистите, од друга страна, не ги почитуваат правилата и понекогаш многу смело возат меѓу автомобилите. Го избираат тоа наместо да користат велосипедски патеки, или зато што им е страв да возат по нив или затоа што на места ги нема, или се окупирани од паркирани автомобили. Често гледам како автомобили непредвидливо застануваат пред велосипедист“, вели велосипедистката Марија Робе.

Сепак, Вашингтон во овој поглед се движи по нагорна линија. Се повеќе Американци избираат велосипед за превозно средство и за рекреација. И претседателот Џо Бајден е во трендот. За време на кусиот одмор на крајбрежјето во Делавер, беше забележан како се рекреира со велосипед.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG