ВАШИНГТОН (АП) - Градежните екипи почнаа да го отстрануваат уличниот мурал со зборовите „Црните животи значат“ на улица на еден блок од Белата куќа, додека градоначалничката на Вашингтон, Муриел Боузер се бори да ги одврати заканите од претседателот Доналд Трамп и од Конгресот контролиран од републиканците.
Баузер укажа на промената на социјалната платформа Х минатата недела, пишувајќи: „Муралот инспирираше милиони луѓе и му помогна на нашиот град низ болен период, но сега не можеме да си дозволиме да бидеме одвлечени од бесмисленото мешање на Конгресот. Разорните влијанија од федералните кратења на работни места мора да бидат наша грижа број еден“, рече таа.
Баузер, демократка, ја преименуваше раскрсницата „Црните животи значат“ како јавен чин на пркос во јуни 2020 година. Сето тоа се слчучи по неколкудневни хаотични протести на таа локација поради полициската бруталност по убиството на Џорџ Флојд од страна на полицаец во Минеаполис.
Нејзиниот пристап кон протестите ја доведе во директен конфликт со Трамп. Претседателот во тоа време ја обвини Баузер дека ја изгубила контролата врз нејзиниот град и се закани дека ќе се повика на неговата моќ да го преземе полицискиот оддел.
За вториот мандат на Трамп во Белата куќа, Баузер работеше на избегнување конфликти и минимизирање на сите точки кои беа спорни. Таа претходно отпатува во имотот на Трамп во Мар-а-Лаго за да се сретне со претседателот по неговиот избор и јавно ги нагласи точките на договор, како што е заедничката желба да се вратат федералните работници во нивните канцеларии со полно работно време.