Линкови за пристапност

СДСМ објави 11-тa „бомба“ за изборни манипулации и притисоци врз судството

  • Борјан Јовановски

Во реакцијата ВМРО-ДПМНЕ го напаѓа Панче Орцев...

Опозициската СДСМ денеска пред јавноста ја презентираше 11-та т.н. „бомба“, овој пат од Струмица, со оглед на тоа што од таму бил поголемиот дел од содржината на презентираните аудио записи од наводни разговори меѓу министри во владата, премиерот, но и претседателот на Врховиот суд.

Во разговорите кои ги презентираше пратеникот на СДСМ од Струмица, Панче Орцев, владини функционери наводно отворено говорат за рекет, казнување на фирми, фалсификување на лични карти, нарушување на изборниот процес и за влијание врз судството.

Еден од разговорите е наводно меѓу министерот Јанакиески и поранешниот претседетел на Врховниот суд, Јово Вангеловски, а кој се однесува на случајот Глобал во кој еден од обвинетите е лидерот на опозицијата Зоран Заев.

Во разговорот Вангеловски наводно се жали дека еден од судиите „му прави проблем“ во случајот Глобал, и дека не сакал да го потпише решението на претседателот на Врховниот суд. На крајот на разговорот Вангеловски му најавува на Јанакиевски дека следниот ден решението ќе излезе од кај него „како што треба“, стои во траскриптот од разговорт презентиран пред медиумите.

На денешната прес-конферција беше презентиран и наводен разговор на министерот Јанакиески со началникот на струмичката полиција, во кој станува збор за изготвување на 300 лични карти кои требало да послужат во изборниот процес.

Исто така новинарите можеа да слушнат и наводен разговор меѓу пратеничката Бонева и премиерот Груевски во кој пратеничката го информира премиерот дека нивниот сопартиец Славе Гошев рекетирал фирми во Струмица за време на изборната кампања.

„Нема фирма што не е изрекетирана во Струмица“, се наведува дека рекла Бонева, на што Груевски побарал појаснување за тоа што таа подразбира под рекет:

„Дали они барале спонзорство? Рекет е уцена, ако не ми дадеш, ќе те затворам. А, спонзорство е спонзорство. Му викаш ако можеш помогни ми“, наводно вели Груевски.

Во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес коференција се вели дека СДСМ продолжува да ги повторува своите прес конференции полни со, како што велат, креирани, монтирани, лепени и прелепувани телефонски разговори, одработувајќи за туѓо сценарио за да дојдат до власт без поддршката од граѓаните.

„Денес СДСМ одлучил прес конференцијата да ја одржи Панче Орцев, човекот кој е најблискиот бизнис партнер на Зоран Заев и на целиот клан Заеви. Токму овој човек и` е познат на јавноста по кривичната пријава за затајувањето на данок во вредност од 112 илјади евра во времето кога како директор на ЈПКД Комуналец – Струмица, продавал дуќани во локалот Глобал“, се вели во реакцијата на владејачката партија.

XS
SM
MD
LG