Линкови за пристапност

СДСМ и ДУИ постигнаа договор за состав на Влада


СДСМ и ДУИ постигнаа договор за состав на Влада
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:15 0:00

СДСМ и ДУИ договорија соработка за наредните 4 години. Договорот го финализираа Зоран Заев и Али Ахмети на денешната неколкучасовна средба.

Потврдено е формирање парламентарно мнозинство, како и распределбата на ресорите. Клучно е дека ДУИ се повлече од инсистирањето за ротирачки премиер. Тоа значи дека оваа функција во текот на мандатот ќе ја извршува лидерот на социјалдемократите, освен во последните 100 дена на идната влада.

„Утврдено е јас да бидам претседател на владата во полн 4-годишен мандат. Меѓудургото утврдено е да се укине техничката влада. Заради оваа големина и доблест од страна на ДУИ, покажав доблест сите политички партии на 100 дена пред изборите СДСМ и ДУИ ќе изберат премиер на предлог на ДУИ“ изјави Зоран Заев, претседател на СДСМ и мандатар за состав на Влада.

Според Заев ваквиот чин ќе приоднесе за зајакнување на довербата. Ахмети го нарече храбар чекор.

„Морам да ја поздравам храброста на г-динот Заев дека во последните 100 дена од оваа влада ќе има премиер-Албанец. Сметам Сигурен дека денешната наша одлука ќе ја поздрават сите граѓани. Многу важно е дека денешната коалиција ќе придонесе за позитивен тек на процесите во државава. Убеден сум дека оваа коалиција, партнерство што го унапредуваме за наредните 4 години ќе биде едно од најуспешните“ изјави Али Ахмети, претседател на ДУИ.

Овој договор утре треба да го потврдат телата на двете партии. Потоа ќе се премине на негово преточување во заедничка владина програма што мандатарот, заедно со составот на идната влада во која ќе партиципира и ДПА, треба да ja достави до Собранието најдоцна за 15 дена од сега.

XS
SM
MD
LG