Линкови за пристапност

Патенти на човечка ДНК пред Врховниот суд


Дали човечкиот ген може да биде интелектуална сопственост?

Највисокиот суд во САД ќе ги сослуша аргументите за тоа дали научниците можат да имаат ексклузивни права за интелектуална сопственост, познати како патенти, на човечки ген.

Случајот инволвира два патенти што ги држи „Миријад Џенетикс“ со седиште во САД, на два човечки гени поврзани со рак на дојка и рак на јајници кога тие мутираат во друга форма. Компанијата, поддржана од истомисленици во биотехнилошката индустрија, вели дека ќе загуби милијарди долари што ги инвестирала во развивање третмани за болести и вакцини.

Но, противниците на таа пракса, меѓу кои и Американската унија за граѓански слободи и Фондацијата за јавни патенти, велат дека тоа ги спречува научниците да дојдат до информација што може да води кон побрзи медицински откритија и пробиви.
XS
SM
MD
LG