Линкови за пристапност

Врховниот суд на САД одлучи да нема членарина за несиндикалните работници


Судот ја укина регулацијата од 1977-та година, со која и вработените, кои не се членови на синдикатите, беа обврзани да плаќаат за синдикалните активности

Врховниот суд на САД донесе одлука, синдикатите кои ги застапуваат јавните работници, како учителите и полицајците, да не наплаќаат членарина за оние што не се членови, прекинувајќи го на тој начин главниот извор на финансирање.

Со оваа денешна одлука, Судот ја укина регулацијата од 1977-та година, со која и вработените, кои не се членови на синдикатите, беа обрзани да плаќаат членарина за синдикалните активности.

„Принудувањето на вработените, кои не се членови да плаќаат за идеи со кои не се согласуваат, предизвикува сериозна загриженост за непочитување на првиот амандман“, изјави судијата Семјуел Алито.

Новата одлука доаѓа како голема победа за конзервативните активисти, кои со години се борат да ја ограничат моќта на работничките сојузи

„Врховниот суд пресуди во корист на работниците, кои не се дел од синдикатите, и сега тие ќе можат да поддржат кандидат без да имаат притисок од синдикатите“, напиша на Твитер претседателот Доналд Трамп, нагласувајќи дека новата судска одлука е голема загуба за демократите.

Демократската сенаторка Пати Мареј изрази несогласување со ваквата одлука.

„Денешната одлука е загуба за работниците, и уште една победа за корпорациите, кои со децении финансираат политички кампањи и судски процеси, со цел да се намалат работничките права“, рече таа.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG