Линкови за пристапност

Врховниот суд на страната на пекар кој одби да направи торта за геј-двојка


Врховниот суд на САД пресуди во корист на пекар од Колорадо, кој во 2012-та година, на верска основа, одби да направи свадбена торта за геј-двојка.

Судиите гласаа со 7 гласови „за“ и 2 „против, со образложение дека Комисијата за граѓански права во Колорадо ги прекршила правата на пекарот Џек Филипс, согласно Првиот амандман од американскиот Устав за слобода на изразување, обвинувајќи го Филипс за кршење на законите за антидискриминација на таа сојузна држава.

Во пресудата стои дека „законите и Уставот можат, и во одредени случаи, мора, да ги заштитат геј-лицата и хомосексуалните двојки во остварувањето на своите граѓански права, но верските и филозофски забелешки за истополовите бракови, претставуваат заштитени ставови и во некои случаи, заштитени форми на изразување“.

Колорадо е една од 22-те американски сојузни држави кои забрануваат дискриминација врз основа на сексуална дискриминација. Токму ова, и` овозможило на двојката да го добие случај пред Комисијата за граѓански права, по што поднела тужба против пекарот. Сепак, во пресудата на Врховниот суд се вели дека Комисијата била пристрасна против Филипс.

Кристен Кларк, претседател и извршен директор на Адвокатската комисија за граѓански права согласно законот, одлуката на судот ја нарече „катастрофална“ и „сериозно неповолна за оние кои веруваат во еднаквост во оваа држава“.

Кристен Вагонер, пак, од Алијансата за одбрана на слободата, конзервативна христијанска организација која поднела петиција до Врховниот суд во име на Филипс, истакна дека одлуката „јасно покажува дека владата мора да ги почитува верувањата на Филипс за бракот“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG