Линкови за пристапност

Aмериканскиот астронаут Скот Кели се врати дома


После 340 дена во орбитата, со рускиот космонаут Михаил Корниенко безбедно стапнаа во Казахстан

Руското вселенско летало – Сојуз, во кој беа Кели и Корниенко и вториот руски космонаут Сергеј Волков, имаа меко слетување на замрзнатите степи во Казахстан, во средата наутро, три часа откако се одделија од Меѓународната вселенска станица. Волков се врати после поминати шест месеца на Меѓународната вселенска станица, што е типична должина за престој на екипажот на мисијата.

Кели сега држи рекорд на Американец со најдолг престој во вселената. Тој и Корниенко го заобиколија светот 5.440 пати, поминувајќи 144 милиони милји и беа сведоци на 10.880 орбитални изгрејсонца и зајдисонца.

XS
SM
MD
LG