Линкови за пристапност

Еволуција на растенијата


Модерните цвеќиња, дрвја и земјоделски култури немаат способност за прилагодување на брзите климатски промени, сугерира нова студија.

Пред 243 милиони години, цвеќиња живееле во топлите тропски клими. Од тогаш се рашириле низ целата планета на места со многу посурови услови. Еми Зан од Универзитетот Џорџ Вашингтон и нејзините колеги сакале да разберат како растенијата опстанале во постудена животна средина.

Тие идентификувале три особини што им го овозможиле токму тоа – ослободување од листовите пред постудено време, стеснување на клетките што пренесуваат вода од коренот до листовите и умирање назад во земјата и повторно развивање на коренот или семето во пролет.

„Сакавме да ја разбереме еволуцијата на тие карактеристики и редот по кој еволуирале тие карактеристики“, вели Зан.

За тоа да го постигнат, истражувачите изградиле „дрво на еволуцијата„ за 32 илјади видови на растенија. Потоа тие го споредиле појавувањето на тие карактеристики на земјината клима за да реконструираат како се развивале растенијата со студ додека се ширеле низ планетата.

„Најдовме дека растенијата дури и пред да бидат конфронтирани со студ типично веќе имале потесни спроводници за водата. Можеби причина за тоа било суша, но при студ ова се покажало многу корисно.“

Зан и нејзиниот тим исто така планираат да ги истражуваат растенијата во топли или во суви средини. Студијата сугерира дека модерни растенија што цветаат, дрвја и земјоделски култури може да ги немаат тие карактеристики, или време, да одговорат на брзите климатски промени предизвикани од човекот.
XS
SM
MD
LG