Линкови за пристапност

Македонски научници меѓу највлијателните во светски рамки, објави Универзитетот Стенфорд


Само 0,9 проценти од вкупниот БДП се одвојува за научни цели, вели професорот Рамадани
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:02 0:00

Македонски научници се меѓу два процента највлијателни научници во светски рамки на листата што ја објави американскиот универзитет Стенфорд. За професорот Веланд Рамадани, кој е дел од оваа листа, за ваков успех, потребна е голема пожртвуваност како и многу време поминато на терен во истражувања.

„Тоа е резултат на макотрпна работа, голем вложен труд во кариера. Доколку сакаме да постигнеме нешто мора да работиме според тоа што го бара работното место“, вели Рамадани.

Рамадани, професор од Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, вели дека ова за него претставува признание за досегашното работење во земјава и надвор од неa.

Во изминатите 18 години објавил повеќе од 160 научни трудови. 80 проценти од нив во меѓународни списанија, а дваесетина во врвни списанија од неговата област.

„Мојот придонес е посебно даден во развојот на истражувањата во претприемништвото на жените, етничкото претприемништво, иновациите во земјите во транзиција, како и креирање на можности за младите да стапат во тие претприемнички води“, вели тој.

Работел во Косово, како визитинг професор во Индонезија, истражувач и предавач во САД, надворешен експерт за истражувања во Кувајт.

Професорот смета дека земјава располага со потенцијал, но оти во моментот се одвојувале само 0,9 проценти од вкупниот БДП за научни цели.

Покрај Рамадани за 2020 година, рангирани во изданието во 2021 година во топ два процента највлијателни светски научници од Северна Македонија се и Љупчо Коцарев, Леонид Грчев, Рубин Гулабоски, Кимет Јусуфи, Биљана Бауер и Биљана Ристеска-Стојкоска

Шест македонски научници се на оваа листа и за 2021 година. Тоа се Љупчо Коцарев и Леонид Грчев од МАНУ, Валентин Мирчески од Институт за хемија, Рубин Гулабоски, Факултет за медицински науки, Штип и двајца пензионирани професори, Трајче Стафилов и Иван Грозданов.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG