Линкови за пристапност

Целосно затемнување на Месечината на 27-ми јули


Ќе биде најдолго затемнување овој век, и ќе трае еден час и 43 минути

Љубителите на астрономијата месецов ќе имаат посебна можност да го набљудуваат најдолгото затемнување на Месечината овој век, кое ќе се случи 27-ми јули.

НАСА вели дека затемнувањето на Месечината ќе трае еден час и 43 минути, и ќе биде целосно видливо од Источна Африка и Централна Азија.

Жителите во другите делови на Африка и Азија, како и оние во Европа, Австралија и во Јужна Америка, ќе можат да видат делумно затемнување на Месечината.

Овој редок настан нема да може да се види од Северна Америка, каде за целосно затемнување ќе мора да се почека до 2020-та година

Во јануари годинава имаше затемнување на Месечината, истовремено со појавата „Супер Месечина“, кога Месечината е на орбитална точка најблиску до Земјата, поради што изгледа поголема од вообичаено.

Ова беше голема радост за астрономите, бидејќи се случи истовремено со феноменот „Крвава Месечина“.

За оние, пак, кои нема да бидат во можност да го видат затемнувањето на Месечината, овој месец ќе се случи уште еден настан - Марс ќе се приближи најблизу до Земјата, и ќе се појави околу десет пати посветол од вообичаеното.

Овој небесен феномен ќе биде видлив за сите жители на планетата, ако небото тогаш биде јасно.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG