Учениците во Њутаун, сојузната држава Конектикат – местото на еден од најкрвавите училишни инциденти со огнено оружје во САД - денес се вратија на редовна настава. Работат сите училишта освен Основното Сенди хук, каде петокот 20-годишниот Адам Ланза уби 20 деца и 6 возрасни, пред да си го одзеде животот.
Во враќањето на учениците на редовна настава помагаат советници за специјални ситуации и полициско обебедување. Властите наведуваат дека учениците од Сенди хук наскоро ќе бидат префрлени во друго училиште во градот Монро, во непосредна близина на Њутаун.
Истражните органи сметаат дека пред да го изврши масакрот, Ланза ја убил мајка му во семејниот дом. Ланза се самоубил во моментот кога слушнал дека се приближуваат полициските возила. Мотивот и натаму не се знае.
Во Њутаун вчера започнаа погребите на жртвите. Денес беа погребани шестгодишните Џејмс Матиоли и Џесика Рекос. Градот цела недела ќе се простува од загинатите.