Линкови за пристапност

Мирисите и продажбата


Научниците велат дека едноставните мисиси се подобри за трговијата

Мирисите евоцираат спомени. Мирисот на одреден парфем може да предизвика визии на првата љубов, на пример. Мирисите може да дадат комфор, како што ќе ви каже секој кој практикува арома-терапија. И, мирисите може да ве натераат да купите нешто, што е причина умните трговци со недвижнини не ретко да печат колачиња во домовите што сакаат да ги продадат.

Стручњаците за маркетинг на Државниот универзитет во Вашингтон и Универзитетот од Швајцарија Свети Гален, сакале да откријат кои мириси се најефективни во поттикнувањето на потрошувачите да влезат во „модус на трошење пари“. Во списанието Journal of Retailing, тие велат дека едноставните мисиси се подобри.

Меѓу илјадниците купувачи изложени на мириси, најмногу потрошиле оние кои мирисале портокал во воздухот.

Но, мирисите помагаат и за поттикнување на когнитивните способности. Имено, студенти изложени на едноставни мириси, подобро ги исполните когнитивните задачи отколку оние кои биле изложени на комплексни мириси или не биле изложени на никакви мириси. Научниците велат одговорот лежи во фактот што едноставните едноставните мириси се полесни за мозокот за процесирање, така што умот може подобро да се фокусира на мислење, работа ... или шопинг.
XS
SM
MD
LG