Линкови за пристапност

Скарамучи отпуштен


Финансиерот од Њујорк на функцијата директор за комуникации беше назначен пред околу една недела

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска неочекувано го отпушти Антони Скарамучи од функцијата директор за комуникации, на само 10-тина дена од неговото назначување.

Според официјални лица од администрацијата, 53-годишниот финансиер од Њујорк бил разрешен на барање на новиот шеф на кабинетот на Белата куќа Џон Кели.

Белата куќа официјално соопшти дека Скарамучи заминува за да му даде „чист простор“ на Кели во извршувањето на секојдневните операции.

Скарамучи и` беше малку познат на американската јавност пред да стане дел од политичката сцена во Вашингтон кон средината на јули.

Неговот име брзо се најде во ударните вести, заради вулгарни коментари и изјави коишто ги објави новинар на магазинот „Њујоркер“, а кои се однесуваа на двајца главни помошници на Трамп во Белата куќа: Рајнс Прибус, кого Трамп го отпушти од функцијата шеф на кабинет, и стратегот Стив Бенон.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG