Линкови за пристапност

Скарамучи – микс на политика, финансии и медиуми


Кој е новиот директор за комуникации на Белата куќа?

Антони Скарамучи, финансиер од Њујорк, е новиот директор за комуникации на Белата куќа.

Скарамучи, кој беше силен поддржувач на претседателот Доналд Трамп на телевизиски емисии, долго бил во игра како кандидат за дел од тимот на Белата куќа.

Во јануари годинава, тој ги продал неговите акции во фирмата Скајбриџ капитал, со очекување да биде назначен за помошник на претседателот и директор на Канцеларијата за односи со јавност на Белата куќа.

Тој, минатиот месец, бил назначен за потпретеседател и стртешки директор на американската банка Експорт - Импорт.

Скарамучи, регистриран републиканец, поддржувал политички фигури на различни начини, во текот на речиси цела деценија

Во 2008-та година, тој организирал настан за собирање средства за демократскиот претседателски кандидат Барак Обама.

Во 2012-та година, пак, тој бил копретседател на Комитетот за финансирање на републиканската претседателска номинација Мит Ромни.

За време на кампањата минатата година, Скарамучи прво го поддржал републиканецот Скот Вокер, а потоа републиканецот Џеб Буш.

Откако и двајцата испаднаа од трка, тој се приклучил во Комисијата за финансирање на Трамп. Тој бил од корист и на транзициониот тим на Трамп.

53-годишниот Скарамучи, кој се школувал на Универзитетот Тафтс и на Правната школа на Харвард, вели дека потекнува од семејство од средна класа.

„Потекнувам од семејство од средна класа, така што можам да се идентификувам со страдањето. Мислам дека има бројни начини на кои можам да служам“, изјави тој во месец мај.

Скарамучи има телевизиско искуство како водител на финансиското телевизиско шоу Wall Street Week

Неговото назначување за директор на комуникации на Белата куќа, не беше поддржано од некои помошници на Трамп, вклучувајќи го портпаролот Шон Спајсер, кој во петокот си даде оставка, како и од шефот на кабинет Рајнс Прибус, кој имал разлики со Скарамучи во минатото.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG