Линкови за пристапност

Конгресот ја блокира продажбата на американско оружје на Саудиска Арабија


Конгресот и претседателот Доналд Трамп се пред можна политичка пресметка откако беше изгласана мерка за блокирање на намерата на администрацијата за продажба на оружје и одржување на воените авиони на Саудиска Арабија.

Претставничкиот дом предводен од Демократската партија со 238 наспроти 190 гласови ја усвои првата од трите резолуции на неодобрување на договорите за воена соработка. Гласањето за следните резолуции е закажано за подоцна.

Трамп вели дека ќе стави вето на резолуциите против продажба на оружје во вредност од 8,1 милијарди долари на Саудиска Арабија.

Сенатот минатиот месец ја одобри одлуката за продажба, иако немаше доволно гласови са блокирање на вето.

Спротивставувањето на одржување на поблиски врски со Саудиска Арабија во Конгресот ескалираше минатата година по убиството ан саудискиот новинар Џамал Кашоги во Турција.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG