Пет лица се осудени на смртна казна, а три на доживотен затвор, за убиството на новинарот Џемал Кашоги минатата година.
Јавниот обвинител на Саудиска Арабија, соопшти дека смртните казни се однесуваат на оние што директно биле вмешани во убиството на новинарот. Доживотен затвор, пак, добиле оние што учествувале во прикривање на убиството.
Денешната пресуда, која доаѓа по долги тајни процедури, го ослободува од вина поранешниот висок помошник на принцот Мохамед бин Салман.
Кашоги, кој беше колумнист во Вашингтон пост и критичар на Саудиската влада, беше убиен во Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул во октомври минатата година.
Facebook Forum