Линкови за пристапност

Саудиска Арабија одби да екстрадира осомничени за убиството на новинарот Кашоги


Турција сака одговорните за убиството на новинарот Кашоги да бидат изведени пред лицето на правдата

Министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија го одби барањето на Турција за екстрадиција на двајца поранешни високи официјални саудиски претставници осомничени за вмешаност во убиството на новинарот Џамал Кашоги во октомври.

„Не екстрадираме наши граѓани,“ изјави за новинарите во неделата во Ријад Адел ал Џубеир.

Минатата недела турскиот суд ги одобри потерниците за апсење на Сауд ал-Кахтани, кој беше помошник на принцот Мохамед бин Салман и поранешниот шеф на разузнавачката служба, Ахмад ал Асири.

И двајцата беа во групата официјални лица кои беа отпуштени откако саудиските лидери ја објаснија смртта на Кашоги како операција извршена од непријателски агенти.

Според турските обвинители постои силно сомнение дека Асири и Кахтани биле вклучени во планирањето на убиството.

Кахтани, исто така, беше еден од 17-те лица, санкционирани од страна на одделението за финансии на САД во врска со убиството, кое се случи откако Кашоги влезе во саудискиот конзулат во Истанбул.

Турција соопшти дека сака да ги гони оние кои се вклучени, со цел да обезбеди одговорните да бидат изведени пред лицето на правдата, додека Саудиска Арабија соопшти дека е способна самостојно да се справи со ова прашање и дека не е предвидено со Турција да споделува информации од истрагата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG