Линкови за пристапност

20 години затвор за пет лица за убиството на новинарот Кашоги


Ниту еден висок официјален претставник, како ниту еден осомничен за нарачка на убиството, не е прогласен за виновен

Државната телевизија на Саудиска Арабија објави дека се соопштени крајните пресуди за инволвираните во убиството на новинарот Џемал Кашоги, откако неговото семејство најави помилувања за пет лица, кои се спасија од егзекуција, објави Асошиетед прес.

Кривичниот суд донесе пресуди за осум лица. Петмина добија максимална затворска казна од 20 години, еден доби десетгодишна затворска казна, додека двајца по седум години в затвор.

Судењето беше критикувано од групите за човекови права, и од независен истражител на Обединетите нации, кој забележа дека ниту еден висок официјален претставник, како ниту еден осомничен за нарачка на убиството, не е прогласен за виновен.

Независноста на судот, исто така, беше доведена во прашање.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG