Кралот на Саудиска Арабија даде зелено светло жените за прв пат да можат законски да возат.
Амбасадорот на Саудиска Арабија во Вашингтон и кралски син, принцот Калед бин Салман изјави дека е вистинско време да се стори вистинска работа.
Кралскиот декрет кој беше објавен на саудиските државни медиуми им овозможува на жените да добијат возачки дозволи.
Иако никогаш не постоеле закони за забрана, во минатото жените не можеа да добијат дозволи и биле притворени ако се обиделе да возат.
Декретот стапува на сила во јуни, следната година.
Facebook Forum