Линкови за пристапност

На овогодинешниот аџилак во Саудиска Арабија ќе има само 1.000 верници


Саудиска Арабија соопшти дека годишниот аџилак, кој обично привлекува повеќе од два милиони муслимани од целиот свет, оваа година ќе биде ограничен на неколку илјади од рамките на кралството заради КОВИД-19.

„Бројот, може да биде 1000, нешто помалку или нешто повеќе“, рече во вторникот министерот за аџилак, Мухамед Бентен.

На сите муслимани од надвор од Саудиска Арабија им е забрането да присуствуваат на аџилак и Бентен рече дека ќе се користат строги здравствени критериуми за избор на подобните аџии од редот на граѓаните и жителите кои ќе учествуваат во годинашниот аџилак. Никој над 65-годишна возраст нема да смее да присуствува на светиот аџилак, кој треба да започне на крајот на јули.

Саудискиот министер за здравство изјави дека сите вклучени работници ќе бидат тестирани, а оние што ќе ги служат верниците ќе бидат ставени во карантин и пред и по аџилакот. Воедно, специјализирана болница е подготвена да се справи со итни случаи.

Аџилакот е еден од петте столба на исламот и се смета за должност барем еднаш во живот за секој муслиман.

Во Саудиска Арабија досега се регистрирани повеќе од 164.144 случаи на КОВИД-19, со над 1.300 смртни случаи.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG