Линкови за пристапност

Секретарот за финансии на САД се сретна со саудискиот принц


Истрагата за Кашоги била дел од разговорот со принцот, но, се` уште не е јасно што било кажано

Американскиот секретар за финансии Стивен Мучин се сретна со саудискиот принц Мохамед бин Салман во Ријад, по сомнежите околу убиството на новинарот Џемал Кашоги во Конзулатот на Саудиска Арабија во Турција.

Портпаролот на Мучин изјави дека истрагата за Кашоги била дел од разговорот со принцот, но, се` уште не е јасно што било кажано.

Саудиската државна телевизија објави видео од нивната средба рано утринава, а појавувањето на Мучин во Ријад предизвика реакции за тоа како администрацијата на претседателот Доналд Трамп се справува со случајот, без да ги доведе во прашање економските врски меѓу двете држави.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG