Во соопштение од Белата куќа стои дека владите на САД и Саудиска Арабија потпишале договор САД да обезбедат авиони од типот Ф-15СА за Кралските саудиски воздухопловни сили.
Договорот вклучува производство на 84 нови авиони и модернизација на 70 постоечки авиони. Таму стои дека Боинг авионите се „меѓу најсофистицираните и најспособни авиони во светот“.
Белата куќа цитира индустриски експерти кои велат дека договорот за испраќање авиони ќе поддржи 50 илјади американски работни места, ќе употреби стотици фирми низ земјата и ќе има 3,5 милијарди влијание во приход годишно на американската економија.
Исто така се вели дека договорот „го засилува силниот и долгорочен однос“ меѓу двете држави и демонстрира американска определба за силна одбранбена способност на Саудиска Арабија како „клучна компонента на регионалната безбедност“.