Гејтс пристигна во главниот град Ријад во среда на трета посета на областа во последниов месец. Официјални лица велат дека неговите разговори со саудискиот владетел ќе се фокусирани на политичките промени во регионот, прогресот на договорот за оружје вреден 60 милијарди долари и планови за подобрување на одбранбениот ракетен систем на Саудиска Арабија.
Прес-секретарот на Пентагон Џеф Морел кажа дека двајцата исто така ќе дискутираат за Иран и неговите обиди за експлоатирање на немирите во регионот за свои интереси.
Мали се изгледите разговорите да се фокусираат на внатрешната ситуација на САудиска Арабија, каде имаше ограничен број демонстрации од шиитската популација на земјата во источните провинции каде се произведува нафта.