Во говор пренесуван на националната телевизија по пладневните молитви на Муслиманите, Кралот Абдула ги фалеше своите безбедносни сили што помогнале државата да остане стабилна за време на неодамнешните демонстрации во кралството.
Кога завршил со кусиот говор, спикерите прочитале серија кралски декрети. Меѓу нив било ветување за зголемување на платите и подароци во готовина. Владата исто така вети борба против корупцијата.
Порано месецов, саудиската влада забрани протести, иако неколку помали демонстрации се случија од тогаш.
Исто така, кралот Абдула претходно понуди поттици што би помогнале да се смират нередите. Во февруари тој нареди 15-процентно зголемување на платите за државните работници и зголемени социјални програми.