Жителите на крајбрежните населби близу Њујорк и во соседната сојузна држава Њу Џерси во вторник навечер ќе запалат свеќи и други светилки за одбележување на првата годишнина од Суперневремето Сенди.
Невремето опустоши многу населби по источниот брег на САД.
Крајбрежните населби во Њујорк и Њу Џерси претрпеа големи поплави, кои навлегоа во тунелите на на подземната железница на Њујорк, уништија стотици домови и оставија милиони луѓе без струја со недели.
Во соопштение, американскиот претседател Барак Обама кажа дека Американците во вторник ќе се сетат на убиените во невремето и ќе им пружат утеха на семејствата кои жалат за жртвите. Тој рече, иако се` уште има домови и бизниси да бидат повторно отворени, минатата година служеше како потсетување на „силата и отпорноста на американскиот народ“.
Суперневремето Сенди се смета дека предизвикало над 100 смртни случаи и проценета материјална штета од 65 милијарди долари, на потегот од Њујорк до Њу Џерси и во регионот на Нова Англија.