Линкови за пристапност

Обама во посета на погоденото подрачје во Њу Џерси


Обама и гувернерот на Њу Џерси ќе ја разгледаат штетата и ќе се сретнат со спасувачките работници.

Американскиот претседател Барак Обама во среда ќе ја посети државата најсилно погодена од невремето, Њу Џерси, додека жителите прават напори за опоравување од најлошата природна катастрофа што воопшто го погодила регионот.

Обама и гувернерот на Њу Џерси, Крис Кристи, демократ и републиканец, вообичано на спротивни страни на политичкиот спектар, се очекува заедно да ја разгледаат штетата и да им се заблагодарат на спасувачките работници за нивните напори. Во вторникот Кристи ја фалеше администрацијата на Обама за, како што рече, „извонредна“ реакција по силното невреме Сенди.

Додека армија од спасувачки и други работници започна да работат на расчистување на последиците од невремето, има знаци дека опоравувањето во најтешко погодените подрачја на источното американско крајбрежје почнало.

Њујоршката берза ќе отвори во среда, по ретко затворање два дена по ред. Два од њујоршките три аеродроми почнуваат со ограничени услуги, додека третиот - Лагардија ќе остане затворен заради оштетување од поплавата.
XS
SM
MD
LG