Линкови за пристапност

Масивна штета од Сенди


Компанија за проценка на штета, Eceqat, вели дека износот може да е 20 милијарди долари.

Економската штета од големото невреме Сенди на источното крајбрежје на САД се очекува да биде масивна, во износ од милијарди долари.

Една компанија за проценка на катастрофи, Eceqat, предвиде дека износот ќе достигне 20 милијарди, со можеби половина од тоа покриено со осигурување. Сенди особено донесе штета од поплави и ветер во североисточните држави Њу Џерси и Њујорк, пред да се придвижи подлабоко на копно со намалена јачина.

Големи индустриски комплекси и рафинерии за нафта ги прекинаа операциите на источното крајбрежје. Стотици мали бизниси се справуваат со поплави.

Њујоршката берза и во вторник го откажа тргувањето, за прв пат два дена по ред заради времето по 1888. Повеќе од 14.000 летови беа откажани.

Некои аналитичари велат дека економската штета по невремето може да го намали и онака слабиот растеж на економијата, за десетина или две десетини од процентниот поен. Но други економисти велат дека загубата може да ги забави заедниците кои ќе мора да потрошат големи суми за поправки на патиштата и другата инфраструктура.

Иако штетата е значителна, таа е мала во споредба со ураганот Катрина, што го погоди јужното крајбрежје на САД, близу Њу Орленас, во 2005. Катрина причини 108 милијарди долари штета и уби 1.200 лица.
XS
SM
MD
LG