Линкови за пристапност

Сандерс и Трамп победници во Њу Хемпшир


Сенаторот од Вермонт Сандерс освои 60 проценти, a милијардерот Трамп 35 проценти од гласовите

Сенаторот од Вермонт Сандерс, кој себеси се нарекува демократски социјалист, освои 60 проценти од демократските гласови за време на прелиминарните избори во Њу Хемпшир, споредено со 38-те проценти за поранешната државна секретарка, Хилари Клинтон.

„Она што минатата недела започна во Ајова, она што гласачите во Њу Хемпшир го потврдија вечерва, не е ништо помалку од почеток на политичка револуција“, порача тој.

Трамп освои 35 проценти од републиканските гласови.

„Ќе ја направиме Америка повторно прекрасна земја, но тоа ќе го сториме на старомоден начин. Ќе ја победиме Кина, Јапонија, ќе го победиме Мексико во трговија, сите држави коишто на дневна основа ни` земаат премногу пари. Тоа повеќе нема да се случи“, порача Трамп.

Гувернерот од Охајо, Џон Касич заврши на второто место на овие партиски избори, со освоени 16 проценти. Веднаш зад него се сенаторот од Тексас, Тед Круз, поранешниот гувернер на Флорида Џеб Буш и сенаторот од Флорида, Марко Рубио, сите со по 11 проценти од гласовите.

Кампањата се сели во Јужна Каролина, каде водство бележат Клинтон и Трамп.

XS
SM
MD
LG