Линкови за пристапност

Берни Сандерс се откажа од претседателската трка


Сенаторот од Вермонт му ја отстапи номинацијата на поранешниот потпретседател Џо Бајден

Сенаторот Берни Сандерс излезе од претседателската демократска трка. Тој денес ја прекина неговата претседателска кампања, отстапувајќи му ја номинацијата на поранешниот потпретседател Џо Бајден.

Сенаторот од Вермонт, кој се опишува себеси како демократски социјалист, се залагаше за либерални идеи, како „Медикеар“, владина програма за здравствено осигурување на сите граѓани.

Ова е втора негова претседателска кампања, а ја прекина по повеќе изгубени примарни избори.

78-годишниот сенатор победи на изборите во првите три сојузни држави на почетокот на годината, по што не успеа да обезбеди широка поддршка од гласачите во останатите сојузни држави.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG