Линкови за пристапност

Сандерс го поддржа Бајден за претседателска номинација на Демократската Партија


Од над 10 кандидати, Сандерс и Бајден беа последните двајца во претседателските избори на Демократската Партија

Сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс, во понеделникот официјално го поддржа неговиот противник Џо Бајден за претседателска номинација на Демократската Партија, неколку часа пред Бајден да биде прогласен за победник во примарните избори во Висконсин.

Сандерс се откажа од трката минатата недела кога стана јасно дека не може да го надмине Бајден во бројот на освоени делегати.


„Мора да направиме Трамп да биде претседател со еден мандат и ти ни требаш во Белата Куќа“ му кажа Сандерс на Трамп во виртуелно обраќање емитувано на интернет. „Јас ќе направам се што можам за да се случи тоа, Џо“ додаде тој.

„Сакам да ти се заблагодорам за тоа“ одговори Бајден. „Тоа е голема работа. Твојата поддршка ми значи многу“.

Од над 10 кандидати, Сандерс и Бајден беа последните двајца во претседателските избори на Демократската Партија.

Сандерс се откажа од трката минатата недела кога стана јасно дека не може да го надмине Бајден во бројот на освоени делегати.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG