Линкови за пристапност

Дебата Клинтон - Сандерс во Њујорк


Двајцата кандидати најпрво ги судрија своите ставови околу коментарот на Сандерс дека не верува оти Клинтон е квалификувана да биде на претседателската функција.

Демократските претседателски кандидати, сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс и поранешната државна секретарка, Хилари Клинтон, синоќа во Њујорк одржаа жестока дебата воочи мошне важните прелиминарни избори во сојузната држава Њујорк во вторник.

Сандерс и Клинтон најпрво ги судрија своите ставови околу коментарот на Сандерс дека не верува оти Клинтон е квалификувана да биде на претседателската функција. Сенаторот од Вермонт кажа дека прифаќа дека Клинтон поседува квалификации, но не е сигурен за нејзините оценки за одредени ситуации. Тој ја издвои поддршката за војната во Ирак и прифаќањето на финансирањето на нејзината кампања од банки и фирми од Волстрит.

Клинтон ја обвини кампањата на Сандерс за ширење лаги за неа, додавајќи дека жителите на Њујорк ја избрале за два мандата во Сенатот, а претседателот Барак Обама ја назначил на функцијата државен секретар. Имам своја оценка, рече таа, истакнувајќи дека Сандерс има слабости во однос на прашања од надворешната политика. Клинтон додаде дека фокусот на Сандерс дека прифатила големи донации од Волстрит е, цитираме, лажен напад.

И обајцата се согласија дека банките коишто беа оквалификувани како премногу големи за да пропаднат, претставуваат ризик за економијата и треба да се раздвојат на помали делови. Несогласувања меѓу Сандерс и Клинтон нив се јавија околу зголемување на минималните надници.

XS
SM
MD
LG