Линкови за пристапност

Русија санкциите ги нарекува „уцена“


Американскиот претседател објави нови санкции за руските банки и енергетски компании заради поддршката на Москва на про-руските сепаратисти во Украина.

Рускиот претседател Владимир Путин вели дека последната рунда на американски санкции спрема Русија ќе ги застои билатералните релации и ќе наштети на американските бизниси исто како и на руските.

Путин ова го кажа во телевизиско обраќање за време на посетата на Бразил, неколку часа откако американскиот претседател Барак Обама ги објави новите санкции за руските банки и енергетски компании заради поддршката на Москва на про-руските сепаратисти во Украина.

„Санкциите имаат бумеранг ефект и без никаква дилема ќе ги турнат американско-руските односи во ќорсокак, и ќе предизвикаат многу сериозна штета, и јас сум сигурен дека тоа исто така ќе им наштети на националните долгорочни стратегиски интереси на американската влада и на американскиот народ“, рече Путин.

Одвоено од ова, руското министерство за надворешни работи во четврток кажа дека Русија нема да толерира „уценување“ од САД и го задржува правото да преземе одмазднички мерки. Тоа ја обвини Европската Унија за попуштање под притисокот од САД исто така да постави санкции.

Обама, зборувајќи во среда од Белата куќа, кажа дека повеќепати ја поттикнал Москва да преземе клучни чекори за намалување на кризата и дека Русија до сега потфрлила да се придржува на која било од американските препораки.

Соопштението од американскиот Оддел за финансии вели дека последните казни забрануваат ново американско финансирање за две големи руски институции во државна сопственост, произведувачот на природен гас Новатек и компанијата за нафта Роснефт. Мерките исто така го ограничуваат нивниот пристап до големите пазари.

Четворица високи руски претставници, вклучувајќи го и заменик претседателот на рускиот парламент, исто така се цел на санкциите.

Како дополнение на ова, санкциите погаѓаат осум руски фирми што произведуваат оружје. Тие исто така целат на клучен објект за транспорт на Кримскиот полуостров.

XS
SM
MD
LG