САД поставија санкции на 12 Руси, вклучувајќи ги оние инволвирани во смртта на руски адвокат во затвор, кој изнесе обвиненија за масивна даночна проневера во Русија.
Американскиот Стејт департмент, во изјава од вторник, ги поврза санкции со приведувањето, злоставувањето во затвор и смртта на адвокатот Сергеј Магнитски, кој умрел во 2009-та во озлогласен московски затвор. Стејт департментот вели дека наведените лица имаат забрана да влезат во САД и дека нивниот имот во САД е замрзнат.
Магнитски работел за лондонската фирма Хермитаџ капитал инвестмент, каде открил наводна проневера од руската полиција, гангстери и банкари, да преземат три компании на Хермитаџ и потоа илегално да соберат 230 милиони долари од вратени даноци.
Откако ги направил јавни овие обвиненија, Магнитски бил уапсен под обвинение за избегнување на плаќање на данок. Со пореметено здравје од затворското искуство, тој умрел во затвор на 37 години, по 11 месеци минати во притвор без судење.
Нашироко публикуваниот случај ги потврди долгорочните наводи од запад за злоставување во руските затвори, и доведе до нов судир меѓу Вашингтон и Москва. Во 2012-та американскиот Конгрес донесе легислатива позната како Акт Магнитски, која има за цел да ги казни поврзаните со смртта на правникот.
Како одговор на американската легислатива, рускиот претседател Владимир Путин потпиша легислатива за забрана на американско усвојување на руски деца.