Линкови за пристапност

САД и ЕУ објавија санкции за руски официјални лица и Украинци


Потезите дојдоа како одговор на декларацијата на независност на Крим од Украина и плановите Крим да аплицира за станување дел од Русија.

Белата куќа објави замрзнување на имотот на 11 руски официјални лица поврзани со политичкиот притисок за независност на Крим од Украина и можно присоединување кон Русија.

Администрацијата на Обама во понеделникот ги објави санкциите веднаш по Европската унија, која стави 21 официјално лице од Русија и Украина на листата за забрана на патување и трговски санкции.

Потезите дојдоа како одговор на декларацијата на независност на Крим од Украина и плановите Крим да аплицира за станување дел од Русија. Кримското регионално собрание објави независност за регионот по референдумот во недела што индицираше дека гласачите во големо мнозинство поддржуваат присоединување кон Руската Федерација.
XS
SM
MD
LG