Линкови за пристапност

Нови санкции врз Иран


САД усвоија нови мерки против пет ирански државјани и група компании кои имаат поврзаност со забранетата ракетна активност

Министерството за надворешни работи на Иран, за новите американски санкции кои програмата на земјата за балистичка ракета, вели дека се нелегитимни.

Портпаролот на министерството Хусеин Џабер Ансари во понеделникот изјави дека Иран ќе одговори со зголемување на напорите за својата правна програма на балистички проектили и промовирање на своите одбранбени способности.

Иран беа осудени од страна на САД и останатите западни сили за два балистички ракетни теста минатата година со кои беше прекршена резолуцијата на Советот за безбедност на ОН. Иран објави дека овие тестови се правени од аспект на национална безбедност.

САД усвоија нови мерки во неделата против пет ирански државјани и група компании, кои имаат поврзаност со забранетата ракетна активност.

XS
SM
MD
LG