Линкови за пристапност

Сан Франциско бара иновативни решенија за справување со бездомништвото


Илјадници бездомници живеат на улиците во Сан Франциско  Сан Франциско се бори со високи стапки на бездомници поради високите животни трошоци, ограниченото достапно домување и несоодветните ресурси за ментално здравје. Стефани Су известува за предизвиците со кои се соочува бездомното население.

Ова е Силиконската долина, дом на Фејсбук, Гугл, и некои од најголемите и најбогати компании во земјата. Градот Сан Хозе се наоѓа не многу далеку до овде.

Дали мислите дека секогаш ќе останете бездомник?

„Да. Се помирив со фактот дека веројатно така ќе умрам“, вели бездомникот Џими.

Илјадници бездомници живеат на улиците во Сан Франциско 
please wait

No media source currently available

0:00 0:05:43 0:00

Ова е невидлива популација на бездомници, кои не можат да си ги дозволат трошоците за живот кои, пак, постојано се зголемуваат.
Како е да се живее овде?

„Не можете навистина да бидете подготвени за сè што се случува“, вели бездомникот кој се претстави како Скутер.

„Не може да ви биде подобро кога ќе бидете на улица. Нема начини да се вработиш“, додава бездомничката Евелин.

„Една од моите најголеми желби е некој да ја види промената во мене, бидејќи познавам многу од овие луѓе“, вели Ли Кларк, кој и самиот бил бездомник. Зависноста и затворската казна довеле до петгодишен период на живеење на улица.

„Цела ноќ се возев со автобус. Го нарекуваат хотел, број 22“, додава Кларк.
Како и илјадниците други без дом, тој се чувствувал изгубен и игнориран од систем кој не функционира. Непосредно пред пандемијата, Ли конечно застанал на нозе, но не заборави кого остави зад себе.

„Ќе ти се јавам оваа недела, ќе ти се јавам следната недела. Една од најголемите работи овде е да може да ја освои довербата на луѓето, да им се врати на бездомниците, да им нуди услуги, да се труди да ги вдоми“, вели Кларк.

Сан Франциско
Сан Франциско

Трансформацијата на Ли делумно се должи на неговата вклученост во Советодавниот одбор на непрофитната организација „Животно искуство“.
„Создадена е од група луѓе кои или биле бездомници овде во моментов се бездомници. Ни треба место каде што можеме да зборуваме за тоа што се случува. Ни треба моќ за да донесуваме одлуки“, објаснува Џенифер Ловинг од Советодавниот одбор на „Животно искуство“.

Извршниот комитет на организацијата, предводен од Донтае Лартиг, го надгледува 16-члениот одбор.

„За нас е важно да градиме организации кои црпат искуство од животот“, вели Лартиг.

Заедно, ги советуваат непрофитните организации како што е „Дестинација“: група за креирање политика и справување со трошоците. Истовремено се консултираат и со локалната власт. Нивната последна цел беше да утврдат зошто овој хотел што го купи градот за сместување на бездомниците не се користи целосно.

Андреа Еванс ја води програмата за хронични бездомници во Типинг Поинт, непрофитна организација поддржана од некои од најбогатите филантропи во Сан Франциско.

„Станува збор за петгодишна иницијатива од 100 милиони долари, чија цел е партнерство со Сан Франциско и еден сет од непрофитни организации за да се намали бројот на хронични бездомници на половина“, вели Еванс.
Тоа се должи на фактот дека 3.000 хронично бездомници од Сан Франциско, во моментов живеат на улица.

„Во никој случај не можеме да одговориме на она што градот го прави на постојана основа. Навистина се обидуваме со насочени пристапи да ги сместиме луѓето побрзо и да се осигураме дека тие ќе можат да останат да живеат на тие локации“, додава Еванс.

Седумчлениот советодавен одбор на Типинг Поинт целосно се состои од поединци кои биле бездомници, како Ти Џеј, Џонстон.

„Во моментов, јас живеам во куќа, но околу девет години, живеев по улиците на Сан Франциско. Многу луѓе, на пример, се борат само да преживеат. Чест ми е што луѓето од нас бараат помош“, вели Џонстон.
Сепак, долгогодишната застапничка за бездомници Џенифер Фриденбах предупредува дека не се сите толку ефикасни.

„Има советодавни одбори каде што имате еден или двајца бездомници. И,тие немаат глас и никогаш не им се слуша мислењето во групата“, Фриденбах.

Уште пред да се формира формалниот советодавен одбор, анкетиравме околу 300 луѓе кои се соочуваат со бездомништво и ги прашавме, кои се вашите приоритети? И - тоа носи експертиза.

„Ние имаме знаење што би сакале да го пренесеме на остатокот од нашата заедница. Нашите потреби се релативно едноставни, со што сакаме само да бидеме вдомени, а сакаме да можеме да живееме достоинствено“, додава Џонстон.

А тоа ја поттикна изградбата на зградата Таханан со 145 станови, исклучиво за бездомните во центарот на градот.

Целта е целиот проект да биде завршен за нешто помалку од три години за помалку од 400.000 долари по стан, што е рекорд за строгите закони за градење во градот.

XS
SM
MD
LG