Од полицијата велат дека во вооружен инцидент со огнено оружје во основно училиште во Калифорнија загинале две возрасни лица, и дека најверојатно станува збор за убиство и самоубиство.
Началникот на полицијата на Сан Бернардино, Џарод Бургуан на Твитер напиша дека најмалку двајца ученици биле пренесени во болница.
„Веруваме дека станува збор за убиство и самоубиство, кое се случило во училницата“ напиша тој на Твитер.
Асошиејтед прес ја цитираше портпаролката на училишниот дистрикт на Бернардино кој рекла дека едно од четирите застрелани лица во училницата било учител. Марија Гарсија вели дека инцидентот најверојатно е домашна препирка.
Сан Бернардино е околу еден час возење источно од Лос Анџелес. Градот е место каде во декември 2015-та беше извршен терористички напад од страна на брачен пар инспириран од Исламската држава, при што загинаа 14 лица.
Facebook Forum