Линкови за пристапност

Експлозија на бомба во Сан Антонио, нема жртви


Властите се обидуваат да утврдат дали инцидентот е поврзан со претходните експлозии кои се случија во Остин

Бомба експлодира во објект на „Федекс“ во близина на Сан Антонио, Тексас. Властите се обидуваат да утврдат дали инцидентот е поврзан со неодамнешните експлозии во градот Остин.

Во најновата експлозија било повредено едно лице. Федералните агенти се на местото на настанот.

Пакетот бил испратен до адреса во Остин, град кој беше погоден од четири експлозии месецов. Истражителите велат дека бомбата што експлодирала доцна во недела во Остин била иницирана од посебна направа и била „пософистицирана“ од трите експлозии што се случија претходно месецов.

Властите велат дека во експлозијата биле повредени двајца мажи. Шефот на полицијата, Брајан Менли, рече дека жртвите претрпеле „значителни повреди,“ но се во стабилна состојба. Тој додаде дека истражителите „виделе сличности во направата која експлодира минатата ноќ и другите три направи активирани во Остин.

Во претходните експлозии загинаа две лица, а две други беа повредени. Агентот на ФБИ, Кристофер Комбс, рече дека употребата на посебна направа за детонација на бомбата во најновата експлозија „ги менува работите“.

Ова е пософистицирано, не е насочено кон поединци. „Ние сме загрижени дека постои можност дете кое оди по тротоарот може да ја активира“.

Полицијата исто така истражува дали бомбашките напади се можни злосторства од омраза. Во првите три експлозии загинаа двајца Афро-Американци, а една постара жена од латино-американско потекло е во критична здравствена состојба.

Сепак, најновите жртви се белци.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG