Линкови за пристапност

Дали солта навистина е штетна за здравје?


Дали солта навистина е штетна за здравје?
Дали солта навистина е штетна за здравје?

Нова студија фрла сомнеж на тврдењето дека солта треба да се редуцира во нашата исхрана. Истражувачите нашле дека скромното намалување на крвниот притисок може да е побиено со други помалку сакани ефекти од диета со малку сол.

Со години се сметаше дека е правилно да се намали солта во исхраната зашто со тоа ќе се намали ризикот од срцев и мозочен удар.

Но, според дански истражувач, Нилс Граудал, од болницата на Универзитетот во Копенхаген, ефектите од диета со малку сол се помалку драматични одошто се мислело.

„Најдовме дека кај нормални луѓе со нормален крвен притисок, ефектите на крвниот притисок беа изненадувачки мали. Кај пациенти со хипертензија, ефектот беше нешто поголем, со намалување од околу 3,5 проценти“, вели Граудал.

Тој математички ги комбинирал резултатите од 167 претходни студии за да дојде до неговите резултати. Луѓето во студијата биле Европејци и Северноамериканци, иако Азијати и црнци на диета со намалена сол покажале поголемо намалување на нивниот крвен притисок.

Дури и скромно намалување кај луѓето со висок крвен притисок е веројатно добра работа, но студијата исто така најде дека луѓето на диета со ниско ниво на сол имаат високо ниво на холестерол, што се поврзува со зголемен ризик од срцева болест.

Граудал вели дека природниот систем на телото за регулирање на солта исто така бил погоден со диетата со малку сол:

„Видовме дека кога се намалува внесувањето на сол, се активира хормоналниот систем, што значи дека телото очигледно почувствувало дека има опасност количината на сол во телото премногу да падне“.

Може да е корисно да се погледне во релацијата меѓу конзумацијата на сол и срцевите болести или смртта, но Граудал вели дека многу мал број студии се обиделе тоа да го расветлат, зашто би било многу тешко луѓе да се држат многу години на диета со малку сол.

Нилс Граудел предупредува дека оваа студија не треба да се интерпретира како дозвола да јадете сол колку што саката. Тој вели, таа само потврдува дека умерени количини сол во нормална исхрана веројатно не е штетно, и редуцирањето на внесувањето на сол може да има позитивни и негативни ефекти што може да не помогне да се намали ризикот од срцева болест или мозочен удар.

Наоѓањата од студијата за влијанието на диетата со малку сол на здравјето се објавени во магазинот „American Journal of Hypertension“.

XS
SM
MD
LG