Линкови за пристапност

Саливан оди во Токио да разговора со Јапонија, Филипини и Јужна Кореја


Советникот за национална безбедност ќе учествува на „првиот трилатерален состанок на советниците за национална безбедност на Јапонија, Филипини и САД“ додека е во Јапонија, се вели во соопштението на Белата куќа
Советникот за национална безбедност ќе учествува на „првиот трилатерален состанок на советниците за национална безбедност на Јапонија, Филипини и САД“ додека е во Јапонија, се вели во соопштението на Белата куќа

Претседателот на САД Џо Бајден оваа недела го испраќа советникот за национална безбедност на Белата куќа Џејк Саливан во Токио на разговори со неговите колеги од Јапонија, Филипините и Јужна Кореја.

Саливан, исто така, ќе учествува на „првиот трилатерален состанок на советниците за национална безбедност на Јапонија, Филипини и САД“ додека е во Јапонија, се вели во соопштението на Советот за национална безбедност на Белата куќа во вторникот.

Белата куќа понуди малку детали за дводневната посета на Саливан што започнува утре, велејќи дека Саливан и неговите колеги „ќе разговараат за начините за продлабочување на соработката за голем број клучни регионални и глобални прашања“.

Посетата на Саливан доаѓа откако бродовите на американската, јапонската и филипинската крајбрежна стража организираа вежби за спроведување на законот во водите во близина на спорното Јужно Кинеско Море претходно овој месец.

Вашингтон ги засили напорите да ги зајакне сојузите во Азија во услови на се понапнато ривалство со Кина.

Вашингтон нема претензии за стратешкото Јужно Кинеско Море, каде Кина, Филипините, Виетнам, Малезија, Тајван и Брунеи се заглавени во тензични територијални судири со децении.

Но, САД велат дека слободата на навигација и прелетување и мирното решавање на споровите во прометниот воден пат се во нивни национален интерес.

Односите меѓу САД и Кина беа затегнати во текот на мандатот на Бајден.

Кина започна воени вежби минатата година околу Тајван, откако тогашната спикерка на Претставничкиот дом Ненси Пелоси го посети демократски управуваниот остров за кој Кина тврди дека е свој.

Односите станаа дополнително затегнати на почетокот на оваа година, откако САД соборија кинески шпионски балон што ги премина САД.

XS
SM
MD
LG