Линкови за пристапност

Американците потрошиле повеќе во март, но главно – за бензин


Американците потрошиле повеќе во март, но главно – за бензин
Американците потрошиле повеќе во март, но главно – за бензин

Американските конзументи трошеле повеќе во март, но главно заради тоа што нацијата зависна од автомобили морала да плаќа повеќе за бензин.

Владата во среда кажа дека малопродажбата се зголемила за четири десетини од процентот минатиот месец, што е деветто последователно зголемување. Но добивката од од ова е само една десетина од процентот кога ќе се исклучи продажбата на бензиските пумпи, споредено со речиси еден процент добивка од продажбата во февруари.

Со растење на цената на сирова нафта на меѓународните пазари над сто долари за барел, цената на бензинот во САД се приближи до четири долари за галон, или 3,8 литри. Иако сеуште пониска од цента што мотористите ја плаќаат во многу европски држави, американските возачи се` повеќе се жалат на цената за полнење на резервоарот што е повисока од виденото за последниве три години. Продажбата на автомобили исто така опаднала во март.

Исклучувајќи ги бензиските пумпи и продажбата на возила, владата вели дека продажбата во трговијата во март имала најмала добивка од минатиот јуни, кога продажбата опаднала за три десетини од процентот.

Потрошувачката на конзументите сочинува 70 проценти од американската економија, и затоа цифрите од месечната малопродажба се сметаат за важен барометар на економското здравје на државата.

XS
SM
MD
LG