Линкови за пристапност

Двете жени Језиди ја примија наградата Сахаров


Надја Мурад и Ламија Аџи Башар во 2014-та беа киднапирани од милитанти на Исламската држава во Ирак

Надја Мурад и Ламија Аџи Башар, двете жени Језиди кои во 2014-та беа киднапирани од милитанти на Исламската држава во Ирак, ја примија овогодишната награда на Европскиот парламент за слобода на мисла и изразување - Сахаров.

За време на церемонија во Стразбур, Франција во октомври годинава, беше соопштено дека овие две жени се добитнички на наградата.

Мурад и Башар се меѓу 7-те илјади жени и девојчиња Језиди коишто биле киднапирани од страна на припадници на Исламската држава, а потоа биле продавани како робови за сексуални услуги. Други 5.000 лица биле убиени.

Овие две жени беа активни во напорите за подигање на свеста за третманот на Језидите, што ОН го нарекоа геноцид.

Наградата го носи името на Андреј Сахаров, советски научник и дисидент кој почина во 1989-та година и секоја година се доделува на лица – борци за човекови права.

XS
SM
MD
LG